Осомничените во мај годинава на социјална мрежа му упатиле закани на пратеникот С.С. (42) од Струга
Актуелен пратеник во Собранието од Струга добивал закани преку апликација на социјална мрежа поради што две лица се осомничени за сторено кривично дело загрозување на сигурноста, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово поднесе кривична пријава против А.К. (35) и Б.К. (33), двајцата од струшкото село Велешта, осомничени за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.
Осомничените во мај годинава на социјална мрежа му се заканиле на пратеник од Струга.
„На 18 мај годинава, преку апликација на социјална мрежа, пријавените упатиле закани кон С.С. (42) од Струга, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија“,
се вели во полициското соопштение.