Сопственикот на барот претходно им кажал на истражителите дека вратата за помош на посетителите била заклучена одвнатре
Кантоналниот суд на швајцарскиот кантон Вале денеска му одреди притвор на сопственикот на луксузниот бар „Ле Констелејшн“, Жак Морети, каде што 40 лица го загубија животот во пожарот на новогодишната ноќ.

На сопственикот на барот лоциран во луксузното одморалиште Кран-Монтана му е одреден тримесечен притвор, со можност за продолжување, објавува „Темп“.
Сопственикот на барот претходно им кажал на истражителите дека вратата за помош на посетителите била заклучена одвнатре.
Првите наоди укажуваат дека пожарот е предизвикан од контакт на прскалките со звучно-изолациската пена поставена на таванот од подрумот на зградата.
Истрагата, исто така, испитува присуство и достапност на противпожарни апарати, како и дали излезите од барот биле во согласност со прописите.
Во врска со присуството на малолетници, Морети изјави дека барот забранува влез на лица под 16 години, додека гостите на возраст од 16 до 18 години мора да бидат придружени од возрасно лице.
Тој додаде дека дал соодветни упатства на обезбедувањето, но оти е можно да имало пропуст.
Двојката е осомничена за убиство од небрежност, телесна повреда од небрежност и палење од небрежност.
