Францускиот министер за здравство Оливие Веран истакна дека сојот делта сè уште е присутен во земјата, а предупреди дека омикрон е „најмалку трипати позаразен”

Француските власти денеска најавија нови рестриктивни мерки со цел да се спречи понатамошното ширењето на Ковид-19. Предвидено е да нема полициски час за Нова година, а ковид сертификатот ќе стапи во сила од 15 јануари.
Новите мерки предвидуваат по три месеци да може да се прими дополнителна, трета вакцина против ковид-19. Големите собири ќе бидат ограничени на максимум 2 000 луѓе во затворени простории, а 5 000 на отворено. На концертите ќе биде забрането стоење, а храна и пијалоци ќе бидат забранети во јавниот превоз, кината, спортските објекти и театрите.
Премиерот на Франција, Жан Катекс апелираше и од 3 јануари да се организира работа од далечина три или четири дена во неделата. Додека учениците наставата од 3 јануари, кога завршува распустот, ќе ја следат со физичко присуство.
Францускиот министер за здравство Оливие Веран истакна дека сојот делта сè уште е присутен во земјата, а предупреди дека омикрон е „најмалку трипати позаразен”. Според него, во јануари се очекуваат стотици илјади случаи на ден.