50 патници биле деца и млади, а 17 се полесно повредени
На последниот ден од школската година во Австрија, денеска воз со десетици деца и тинејџери излета од шините и падна во река во австриската провинција Салцбург.
Според првиот човек на регионалната служба за спасување Антон Шилчер, во железничката несреќа 17 лица се полесно повредени.

Несреќата се случила во близина на Кендлбрук. Вагон од регионалниот воз излета од шините и прелета околу четири метри преку насипот на реката, за странично да запре во Мура, јави ОРФ.
Шилчер додаде дека на шините, по невремето во тој регион, имало корења или нешто слично.
Портпаролката на Црвениот крст за ДПА изјави дека повеќе од 50 патници биле деца и млади, кои патувале кон местото Тамсвег.