Унгарија, Словачка, Чешка и Полска се единствените членки на ЕУ што останаа зелени на новата карта која ја отсликува состојбата со коронавирусот на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ)
Црвената боја значи двонеделна стапка од 75-200 случаи, со позитивна стапка од повеќе од 4 проценти, и области со 14-дневна стапка на инфекција од 200 до 500, додека темноцрвените области се оние каде 14 дена стапката на заразени е поголема од 500
Унгарија, Словачка, Чешка и Полска се единствените членки на ЕУ што останаа зелени на новата карта која ја отсликува состојбата со коронавирусот на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). Другите земји се обоени со црвено или евентуално портокалово, што укажува на тоа дека ситуацијата со коронавирусот се влошува.
Летните дестинации како Хрватска, Португалија, Грција, Словенија и некои делови од Италија и Шпанија се обоени со црвено.
Updated ? maps are online!
— ECDC (@ECDC_EU) September 2, 2021
These maps aim to support the @EUCouncil recommendation on travel measures in the EU during #COVID19 pandemic.
Color-blind friendly map in the next tweet.https://t.co/CcBVx6B0o5 pic.twitter.com/kc6v9vQXEX
Епидемиолошката карта за Европа на ЕЦДЦ се објавува секој четврток врз основа на двонеделни податоци и процентот на позитивните тестови во вкупниот број тестирани. Зелената боја на картата на ЕЦДЦ се регионите во кои двонеделната стапка на инфекција на 100 илјади жители е помала од 50, а бројот на позитивно тестираните е помало од четири проценти.
Црвената боја значи двонеделна стапка од 75-200 случаи, со позитивна стапка од повеќе од 4 проценти, и области со 14-дневна стапка на инфекција од 200 до 500, додека темноцрвените области се оние каде 14 дена стапката на заразени е поголема од 500.