Карантинот е воведен во областа околу еден од хотелите каде што престојуваат новинарите. На оваа улица има постојана редица од локалното население за тестирање
Неколку области во Пекинг се ставени под карантин откако се регистрирани 20 случаи на коронавирус во еден ден, што е најголем број од јуни 2020 година.
Жителите на Пекинг масовно се испраќаат на тестирање. Карантинот е воведен во областа околу еден од хотелите каде што престојуваат новинарите. На оваа улица има постојана редица од локалното население за тестирање.
Олимпијадата во Пекинг официјално се отвора на 4 февруари, а првите натпревари започнуваат два дена претходно.
Во кинеската престолнина се воведени строги безбедносни мерки, а маски мора да се носат дури и на улица.