Во грчките медиуми има различни верзии за инцидентот. Според едни, двајца маскирани напаѓачи влегле во апартманот каде што престојувале двајца македонски државјани и почнале да пукаат кон нив, а според други, тие биле пресретнати во хотел во Ханиоти
Заедничко во сите информации кои доаѓаат од Грција е дека едно лице е убиено, а другото со сериозни повреди е пренесено во болница. Се наведува дека убијците дошле и заминале со мотоцикл.
Во убиениот 39-годишник, кој, според информациите на грчките медиуми, бил сопственик на казино, биле испукани повеќе куршуми. Неговиот пријател, кој бил сериозно повреден, е пренесен во болницата во градот Полигирос.
На местото на нападот полициските екипи пронашле повеќе од 20 чаури. Тамошните медиуми веќе го употребуваат терминот „егзекуција“.