Намалена видливост поради појава на магла од 30-40 метри има на патниот правец од селот Гајре кон Попова Шапка и од 100-150 метри на планинскиот премин Пресека
На граничниот премин „Дојран” утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на „Табановце“ времето на чекање за излез од земјава е 40 минути.
На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира Авто-мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а намалена видливост поради појава на магла од 30-40 метри има на патниот правец од селот Гајре кон Попова Шапка и од 100-150 метри на планинскиот премин Пресека.
