На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, соопшти АМСМ
Зголемена е фреквенцијата на возила во државата, соопшти АМСМ. На граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за излез е околу 40 минути, додека на другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Се препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.