Суровиот канабис, според грчките медиуми, бил спакуван во 88 пакувања скриени во петте резервните гуми под камионот
Во камион што во Грција влегол од Северна Македонија на граничниот премин Евзони, биле откриени 90,5 килограми канабис, јави МИА од Атина.

Суровиот канабис, според грчките медиуми, бил спакуван во 88 пакувања скриени во петте резервните гуми под камионот. Откриен е со помош на кучиња душкачи и припадници на грчката Независна служба за јавни приходи.
Возачот на камионот е уапсен.