Последните недели од неговиот мандат како претседател на САД, Трамп имаше блокирани сметки на Твитер, Фејсбук и Инстаграм, кои го забранија бидејќи сметаа дека ги поттикнал своите поддржувачи на агресија пред нападот на Капитол
Мобилната апликација за пристап до социјалната мрежа „Трут сошл“ (Truth Social), развиена на иницијатива на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е достапна во „Апстор“ (AppStore) од денеска – 21 февруари.
Креаторите на „Трут сошл“ ја лансираат социјална мрежа на националниот празник – Денот на претседателот, кој традиционално се одбележува во третиот понеделник во февруари.
Последните недели од неговиот мандат како претседател на САД, Трамп имаше блокирани сметки на Твитер, Фејсбук и Инстаграм кои го забранија бидејќи сметаа дека ги поттикнал своите поддржувачи на агресија пред нападот на Капитол што се случи на 6 јануари 2021 година кога неговите поддржувачи се обидоа да го спречат одобрувањето на резултатите од претседателските избори.
Во врска со инцидентот, демократите почнаа постапка за импичмент на Трамп. Сепак, Сенатот на Конгресот не ја поддржа иницијативата.