На крстосницата сè уште има остатоци од оштетените возила. Сообраќајот се одвива по една лента и се регулира од сообраќајната полиција
Сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП „Скопје“ и патнички автомобил се случила ноќеска пред полноќ на булеварот АСНОМ во Скопје, јавува МИА.
Информации за состојбата на учесниците во несреќата се очекува да соопштат Министерството за внатрешни работи и Брзата помош чии екипи биле присутни на местото на несреќата.
Според очевидци, во автобусот на ЈСП немало патници.
На крстосницата сè уште има остатоци од оштетените возила. Сообраќајот се одвива по една лента и се регулира од сообраќајната полиција.
