Додека на ГП „Дојран“ времето на чекање за влез е околу 20 минути. На ГП „Табановце“ за излез се чека околу 30 минути, додека на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ и додаваат дека тоа се должи на летните одмори кои сѐ уште се во тек.
На граничниот премин (ГП) „Богородица“ времето на чекање за влез е околу 40 минути, додека на ГП „Дојран“ времето на чекање за влез е околу 20 минути. На ГП „Табановце“ за излез се чека околу 30 минути, додека на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Инаку, денеска од 5:00 часот регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку повеќенаменското подрачје „Јасен“ е пуштен за сообраќај во термините предвидени од Министерство за внатрешни работи (МВР). Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот.