АМСМ соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен
Продолжениот викенд и летните одмори повторно направија редици на границите.
АМСМ соопшти дека утринава на граничниот премин „Богородица“ за излез од државава се чека од 40 минути до еден час.

На граничниот премин „Табановце“ пак, за излез иза влез во државава се чека околу 30 минути.
На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
„АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“,
велат оттаму.