На другите гранични премини, како што велат од АМСМ, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата
Зголемената фреквенција на возила поради летните одмори, но и за време на викендите, предизвикува метеж на граничните премини за влез и за излез од државата.
Поради тоа, на граничните премини со соседните Србија и Грција се чека и по еден час.

Според информациите на Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), за влез во земјава од Република Србија на граничниот премин „Табановце“ се чека околу 40 минути.
На граничните премини со соседна Грција, „Богородица“ и „Дојран“, за влез во земјава се чека и до еден час.
На другите гранични премини, како што велат од АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.