Нишката полиција утрото го пренела познатиот српски актер, продуцент и режисер Драган Бјелогрлиќ пред тамошното обвинителство, каде што ќе биде сослушан откако вчера го претепа својот колега, режисерот Предраг Антонијевиќ.
Обвинителство треба да реши дали ќе му предложи на судот да му одреди притвор од 30 дена на Бјелогрлиќ или ќе биде пуштен да се брани од слобода.
Тој е осомничен дека извршил кривично дело насилничко однесување.
Според Кривичниот законик на Србија, за ова дело се пропишани два вида казни. Првиот се однесува за сторено полесно дело и за него е предвидена казна затвор до три години, додека ако судот процени дека дошло до сериозно понижување на оштетениот, кој притоа се здобил и со телесни повреди, максималната казна е од шест месеци до пет години затвор.
Инцидентот во кој Бјелогрлиќ го нападна Антонијевиќ се случи во понеделникот околу 4 часот наутро во нишкиот хотел „Амбасадор“.