Лицето е спроведено во „Идризово“, каде што треба да отслужи затворска казна во траење од 5 години и 5 месеци

Полициски службеници од Оперативниот тим на МВР денеска на подрачјето на Бит-пазар привеле криминалец баран со потерница.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од слобода бил лишен скопјанецот Е.Ј. (48) по наредба од Основниот суд Скопје 1 за издржување казна затвор од 5 години и 5 месеци во врска со кривично дело по член 235 став 1 од Кривичниот законик.
Во соопштението се дополнува дека тој бил спроведен во КПУ „Идризово“ за издржување на казната.
