Меѓу првите десет земји за кои Обединетите нации проценуваат дека до крајот на векот ќе им се преполови населението се дури пет држави од регионот.
Албанија е на првото место, Србија е веднаш зад неа.
Според анализата, која врз основа на податоците кои неодамна ги објавија ОН ја направи американскиот истражувачки центар „Pew“ на Балканот му се заканува демографски крах.
Во Албанија, каде според проценките, во 2020 ќе живеат 2,8 милиони луѓе, бројот на население во 2100 година ќе изнесува само 1 милион, што ќе претставува пад за околу 62 проценти.
На второ место на светската Топ 10 листа земји на кои населението до крајот на векот ќе им биде преполовено е Србија. Нашиот северен сосед во наредните 80 години, бројот на население, се проценува дека ќе му се намали од 8,7 милиони на 4,2 милиони жители.

Земјите од регионот ги двои Молдавија која е трета на листата, пред уште една балканска држава, Босна и Херцеговина. Од 3,2 милиони во 2020, на крајот на столетието во Босна и Херцеговина, според проценките би ќе живеат 1,6 милиони луѓе.
Веднаш зад неа е Бугарија каде од 6,9 милиони, ќе има намали за цели 50 проценти.
На шесто место меѓу земјите кои процентуално ќе губат најмногу население во наредните осумдесет години е Хрватска. Во 2100 година, таа ќе има само 2,1 милион жители, наспроти проценката на ОН за идната година, според која во Хрвтска ќе живеат 4,1 милион луѓе.
Зад Хрватска се уште две европски земји, Украина и Литванија а на дното на Топ 10 листата земји кои до крајот на векот ќе изгубат најмногу население се Јужна Кореја и Куба.
Иако во истражувањето на „Pew ја нема С.Македонија, според последниот Извештај за преспективите на светска популација на ОН, објавен пред неколку месеци, Македонија до 2100 ќе загуби речиси една третина од својата популација и на нејзината територија од актуелните проценки за 2,1 милион жители, ќе живеат околу 1,5 милиони луѓе.