За време на неговиот мандат, Романија стана членка на НАТО и ги започна преговорите за пристапување во Европската Унија
Поранешниот претседател на Романија, Јон Илиеску, почина денес на 96-годишна возраст, објави претседателот на Социјалдемократската партија (ПСД), Сорин Гриндеану.

Илиеску беше примен во болницата „Проф. д-р Агрипа Јонеску“ на почетокот на јуни годинава, кога беше подложен на операција поради рак на белите дробови.
Последните неколку дена неговата состојба се влоши и стана критична.
Јон Илиеску беше претседател на Романија двапати – од 1990 до 1996 година и од 2000 до 2004 година.
Тој беше првиот посткомунистички претседател на Романија по револуцијата во 1989 година, во која одигра водечка улога. Беше лидер на Националниот фронт за спас, подоцна Социјалдемократска партија.
За време на неговиот мандат, Романија стана членка на НАТО и ги започна преговорите за пристапување во Европската Унија.