Скопското обвинителство минатата недела поднесе обвинение против Јовановски за три кривични дела – телесна повреда, односно повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство
На 30 март во Основниот кривичен суд Скопје е закажан почетокот на судењето против Стојанче Јовановски – сопругот на Ивана од Скопје која на 2 март годинава почина по пад од балкон заедно со нивната малолетна ќерка.

Основното јавно обвинителство Скопје минатата недела поднесе обвинение против Јовановски според кое тој се товари за три кривични дела – телесна повреда, односно повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство.
Според обезбедените докази на Обвинителството, обвинетиот подолг период нечовечки се однесувал кон својата сопруга која била во фактичка и егзистенцијална зависност и подреденост кон него. Поради таквото однесување, таа на 2 март извршила самоубиство кое, според ОЈО Скопје, може да се припише на небрежност на обвинетиот.
На Стојанче Јовановски во моментов му е одредена мерка притвор.
