Одлуката дека СДСМ отсега лидерот ќе го бира на непосредни избори во партијата на кои право на глас ќе има секој член беше донесена на седница на Централниот одбор (ЦО) на 5 јануари
Откако во понеделникот СДСМ започна постапка на ажурирање на членството, тоа денеска го направи и партискиот лидер Зоран Заев повикувајќи ги останатите членови да го направат тоа.
Ажурирањето и повикот на Заев е и во пресрет на внатрепартиски избори за лидер на СДСМ бидејќи неговиот актуелен мандат истекува за неколку месеци. Меѓутоа, на претстојните избори право на глас ќе има секој партиски член.
„На 21 март членовите на СДСМ ќе бираат лидер на партијата на директни внатрепартиски избори, што е водство и пример што треба да се следи кога е во прашање македонската демократија. СДСМ е прва партија каде секој член има право да го избира својот претседател на директни избори. Ги повикувам сите членови на СДСМ да го ажурираат членството, во општинските организации или онлајн и заедно да ја реализираме оваа прогресивна внатрепартиска постапка“,
пишува Заев во дел од неговиот повик.
Одлуката дека СДСМ отсега лидерот ќе го бира на непосредни избори во партијата на кои право на глас ќе има секој член беше донесена на седница на Централниот одбор (ЦО) на 5 јануари.
Инаку, процесот на ажурирање на членството во оваа партија треба да заврши за околу еден месец, со издавање нови членски книшки, односно досегашните хартиени книшки ќе бидат заменети со, како што вели, модерни – дигитални.