Родителите на претседателот на Србија Александаар Вучиќ се заразени со коронавирус, а татко му е пренесен во болница и е во лоша здравствена состојба, објавија вечерва српските медиуми.
Н1 повикувајќи се на весникот „Новости“ објави дека таткото на српскиот претседател, Анѓелко Вучиќ е сместен во болницата на Бежаниска коса поради ковид, а здравствената состојба му е многу лоша.
Весникот објави дека и мајката на Вучиќ, е позитивна на коронавирус.
