Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови од земјата, а на планините ќе се зголеми снежната покривка
Времето денеска ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови од земјата, а на планините ќе се зголеми снежната покривка.
„Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени“,
велат од УХМР.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд.
„Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната до 8 степени“,
прогнозираат синоптичарите.
И следните денови ќе биде врнежливо, а на одредени места тие ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи.