И смртноста кај невакцинираните е поголема, покажува анализата на ситуацијата со ковид-19 во земјата за периодот од 6 август до 4 ноември – од вкупно починатите 1 688 пациенти со ковид-19, 1 376 пациенти, односно 82% не биле вакцинирани, а 18%, односно 312 лица примиле вакцина
Во период од 6 август до 4 ноември, на територија на државата се регистрирани 48 955 граѓанин кои се позитивни на ковид-19. Од нив, 13 886 или 28% биле целосно вакцинирани, додека 35 069, граѓани, односно 72% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани.
Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 78%, додека 22% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.
И смртноста кај невакцинираните е поголема, покажува анализата на ситуацијата со ковид-19 во земјата во овие три месеци – од вкупно починатите 1 688 пациенти со ковид-19, 1 376 пациенти, односно 82% не биле вакцинирани, а 18%, односно 312 лица примиле вакцина.
Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.