Министерството за здравство ги повикува ВМРО-ДПМНЕ да не шири невистини и лаги дека во болниците нема кислород и со тоа да ги одвраќа граѓаните да добијат бесплатен и квалитетен здравствен третман во јавно здравствените установи и да ги наведува да се задолжуваат, и да се лекуваат во приватни болници, се вели во реакцијата на министерството
Министерството за здравство во соопштение до јавноста реагираше по денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја партијата дека шири лаги за состојбата во болниците. Од министерството додаваат дека опозицијата организира јавни собири, загрозувајќи го здравјето на граѓаните и пласира невистини со кои, како што велат, ги одвраќа граѓаните од јавното здравство.
„Министерството за здравство ги повикува ВМРО ДПМНЕ да не шири невистини и лаги дека во болниците нема кислород и со тоа да ги одвраќа граѓаните да добијат бесплатен и квалитетен здравствен третман во јавно здравствените установи и да ги наведува да се задолжуваат, и да се лекуваат во приватни болници. Министерството за здравство го поздравува правото на мирен протест но го повикува ВМРО ДПМНЕ да ја напушти праската да организира јавни собири во време на пандемија, загрозувајќи го здравјето на граѓаните“,
се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Во соопштението, од министерството додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ може да помогне во борбата со пандемијата, но наместо да предложи решенија, велат, партијата ги блокира антикризните мерки.
„ВМРО ДПМНЕ како најголема опозициска партија има на располагање ефикасен и конструктивен демократски механизам, а тоа е да ја употреби својата позиција да иницира легални решенија во рамки на законодавниот дом кои ќе бидат во насока на подобрување, на квалитетот на животот и благосостојбата на граѓаните. ВМРО ДПМНЕ не само што не го искористува овој механизам, туку покажа пракса на блокирање на антикризните мерки кои резултираа со доцнење на помош и друга финансиска помош на најпогодените во ковид пандемијата, исто како кога ВМРО ДПМНЕ го блокираше и процесот на изградба на модуларни инфективни одделенија за третман на ковид пациенти“,
се вели во соопштението на министерството.