Лекот „молнупиравир“ е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на ковид-19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50 отсто, велат од Министерството
Министерството за здравство ги почна преговорите со производителот на лекот „молнупиравир“, кој е првиот лек во вид на таблета за лекување на ковид.
Ова за МИА го потврдиле од Министерството од каде што најавија дека навремено ќе информираат во врска со набавката на лекот.
Лекот „молнупиравир“ е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на ковид-19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50 отсто, велат од Министерството.
Велика Британија вчера објави објави дека го одобрила лекот против ковид-19 „молнупивир“, кој е развиен од американската компанија „Мерк“, и тој треба да биде клучна алатка во борбата против пандемијата.
