На ВМРО-ДПМНЕ му сметаат насмеаните лица на граѓаните по вакцинацијата, велат од Министерство за здравство
Министерството за здравство реагира на протестот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и велат дека за ситни политички поени, опозиционерите се потсмеваат на процесот на вакцинација против ковид.
„ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека вакцинацијата на територија на цела држава се одвива без никаков проблем. Вакцинацијата во време на светска пандемија е сериозен здравствен процес, колку тоа на ВМРО-ДПМНЕ да им наликува на ‘преправање’ (симулација). Тажно е што опозициската партија безидејно обидувајќи се да профитира политички, се потсмева со вакцинирањето на лицата со најголем ризик од заболување, односно возрасните граѓани постари од 76 години“,
се вели во реакцијата на Министерство за здравство.
Додаваат дека вакцинирањето на здравствените работници, полицијата, армијата, наставничките, негувателките, воспитувачките во граднинките, возачите во ЈСП и луѓето кои се дел од критичната инфраструктура во државата е процес за непречено функционирање на општеството.
„ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот за беспрекорната организација на масовната имунизација во А1 СЦ ‘Борис Трајковски’. На ВМРО-ДПМНЕ му сметаат, насмеани лица на граѓани по вакцинација, на опозицијата и сметаат позитивните коментари од граѓаните кои ја примиле вакцината. ВМРО-ДПМНЕ во време на пандемија прави само штета. Во време на рестриктивни мерки, полициски час, одлучија да се групираат и да протестираат. Жалиме што опозицијата од почетокот на пандемијата не придонесе со ништо за заштита на здравјето на граѓаните“,
велат од Министерството.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протест пред зградата на Министерството за здравство под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче и Заев“ преку кој го изразија незадоволството од справувањето на Владата со ковид-кризата.