Од Министерството истакнуваат дека Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје ја следат епидемиолошката состојба во државата и на основа на тоа носат препораки со цел спречување на ширење на ковид-19
Изминатава седмица нема рапидно покачување на бројот на позитивни на ковид, нема притисок врз болниците и според тоа од Министерството за здравство велат дека нема нови предлози и препораки за други мерки, иако бројот на активни случаи деновиве е поголем.
„Според податоците од анализите што ги прават епидемиолозите од ИЈЗ, во изминатава седмица не е забележано рапидно зголемување на позитивни од тестирани на Ковид-19. Од регистрираните нови позитивни случаи од 32 града во државата, забележано е зголемување од 3,7 отсто во однос на претходната седмица. Најголем дел од новозаразените се од Скопје. Нема притисок и во болниците. На територијата на цела држава во ковид-центрите хоспитализирани се вкупно 423 пациенти со ковид-19. Засега нема нови предлози и препораки од Комисијата за заразни болести за заштита од ковид-19“,
велат за МИА од Министерството.
Од Министерството истакнуваат дека Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје ја следат епидемиолошката состојба во државата и на основа на тоа носат препораки со цел спречување на ширење на ковид-19.
