Вакцинацијата се врши без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, како и теренски со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба
На вакциналните пунктови во државата и на терен, вчера вкупно се вакцинирале 13 137 граѓани, од кои 4 990 со прва доза. Со тоа во државата вкупно се аплицирани 958 742 дози вакцини, а целосно со две дози 425 356 граѓани.
Со последните бројки 65% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 58% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 48% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Вакцинацијата се врши без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, како и теренски со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.
Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.