Вкупно 126 пациенти се наоѓаат на лекување од ковид-19 во болниците во државава, од кои 8 се на респиратор.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се двајца нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 48 пациенти од кои двајца пациенти се на механичка вентилација, 23 се потешко болни и на кислородна поддршка.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се седум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 20 пациенти. На респиратор се шест пациенти, а со потешка клиничка слика се уште двајца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани седум пациенти, а на домашно лекување се следат уште двајца пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица пациенти, и нема пациенти кои се следат на домашно лекување.
На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
*Поврзани вести
Ковид-19: Тројца починати, 25 нови случаи, 8 оздравени, направени 286 теста
Лице од поширокото обезбедување на претседателот Пендаровски позитивно на ковид-19
ИЈЗ за ковид-19: Куманово, Прилеп, Дебар, Велес и Струга со најмногу заразени по број на жители
Од 247 заразени здравствени работници, досега излекувани се 226
Од 581 тестиран во градинките, само еден е позитивен на ковид-19
