Шкодране Дердишта не извршува никаква функција, реагираат од Министерството за здравство (МЗ), откако таа преку социјалните мрежи се закани со војна, а дел од медиумите посочија дека како кадар на ДУИ таа има директорска функција во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
„Шкодране Дардишта не извршува никаква функција во МЗ или во која било клиника во Универзитетскиот клинички центар ’Мајка Тереза‘. До 2020 година Шкодране Дардишта беше на раководна позиција во заеднички служби на Клинички. Позиција директор на Клинички центар воопшто не постои во систематизација“,
соопштија од Министерството.
Во период кога опозициските партии најавуваат заминување на ДУИ во опозиција, Дердишта на социјалните мрежи порачала „сè уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ќе ги извадиме белите патики“.
„Ние не сме сираци, ние сме никнале по војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него“,
порачува Дардишта на Фејсбук споделувајќи фотографија со Али Ахмети.
Според податоците објавени на официјалната страна на „Македонски телеком“, таа во моментов е член на одборот на директори на компанијата.
