
Министерството за здравство објави анализа на вакцинирани против ковид-19 во земјава, која се однесува на периодот од 6 август до 16 декември, а која покажува дека 98 отсто од хоспитализираните лица биле невакцинирани.
„Во период од 06.08 до 16.12.2021 на територија на државата 64.963 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 32% биле целосно вакцинирани, односно 20.894 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе недели, 44.069, граѓани, односно 67% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 98%, додека само 2% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 16.12.2021 на територија на државата починале 2272 лица со Ковид 19, 1790 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина“, се вели во анализата на МЗ.
Според овие податоци, од МЗ велат дека починатите од ковид кои биле вакцинирани имале и повеќе комбинирани хронични заболувања.
