Вчера вкупно се вакцинирани 14 159 граѓани од кои 3 621 примиле прва доза
Досега 54 отсто од населението над 40 години е вакцинирано барем со една доза вакцина против ковид-19, додека кај помладите од 18 до 39 години процентот на имунизација барем со прва доза изнесува 29 отсто, покажуваат статистиките на Министерството за здравство.
„Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување, како и смртен исход“,
нагласуваат од МЗ.
Заклучно со вчерашниот ден, во земјава се вакцинирани 747 225 граѓани, од кои ревакцинирани се 579 358 лица. Вчера вкупно се вакцинирани 14 159 граѓани од кои 3 621 примиле прва доза.