Последните податоци за бројот на вакцинирани покажуваат дека 50 проценти од населението над 70 години е вакцинирано барем со една доза, соопшти Министерството за здравство.
Во денешниот извештај наведуваат и дека 45 отсто од населението над 65 години е вакцинирано барем со една доза, додека во возрасната група над 60 години процентот изнесува 38.
Вчера во државата вкупно се вакцинирани 7 720 граѓани од кои 5 834 примиле прва доза. Вкупниот број на вакцинирани од сите возрасни групи изнесува 274 710 од кои речиси 200 000 примиле и втора доза.
Пријавени за вакцина на веб-платформата vakcinacija.mk се 454 104 граѓани, а здравствените власти апелираат до граѓаните да се пријават.