Од МВР во реакцијата посочуваат дека во јавноста не е изнесен ниту еден доказ ниту дека тоа се договарало, ниту дека МВР на било кој начин е дел од таква наводна операција, ниту пак дека тоа реално се случувало
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на прес-конференција изнесе тврдења дека „полицајци блиски до Социјалдемократскиот сојуз одработувајќи за оваа партија, формирале злосторничка група за време на изборната кампања која се координирала на вибер, а чија цел е следење на членови на ВМРО ДПМНЕ во Прилеп
МВР категорично ги отфрли како невистинити обвинувањата што на прес-конференција ги изнесе ВМРО-ДПМНЕ за „координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе”.
Членот на ИК на партијата Драган Ковачки на прес-конференција изнесе тврдења дека „полицајци блиски до Социјалдемократскиот сојуз одработувајќи за оваа партија, формирале злосторничка група за време на изборната кампања која се координирала на вибер, а чија цел е следење на членови на ВМРО ДПМНЕ во Прилеп и злоупотрeба на службените овластувања, со цел физичко малтретирање и селективно попречување на слободата на движење на луѓе кои не се од Социјалдемократскиот сојуз“.
Од МВР во реакцијата посочуваат дека во јавноста не е изнесен ниту еден доказ ниту дека тоа се договарало, ниту дека МВР на било кој начин е дел од таква наводна операција, ниту пак дека тоа реално се случувало.
„МВР нема креирано таква вибер група и дека активностите на МВР и во Прилеп и во било кој друг град не се координираат преку вибер групи. Во исто време, после направена проверка на статистиката за возила испратени на технички преглед, информираме дека тој ден во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак, е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што говори дека наведените дејствија, всушност, не се случиле. МВР веднаш започнува внатрешна истрага за утврдување на фактите, имајќи предвид дека вибер групи или графички прикази од вибер групи може да се креираат и изработат во секое време и од секого, и имајќи предвид дека до МВР не е пристигната ниту една пријава од граѓанин за дејствија во Прилеп на денот на изборите какви што беа презентирани на прес – конференцијата“,
се вели во рреакцијата од МВР.
Претходно, и од СДСМ во целост се оградија од какви било нерегуларности или конструкции за нерегуларности за овие избори. СДСМ води искрена, приземјена, отворена и јавна комуникација со граѓаните и ги отфрла сите обиди со кои наводни вибер групи би требало да докажат дека СДСМ се занимавал со следење луѓе на денот на избори.
Побараа институциите итно да постапат и да го расчистат овој случај, „и овој куп лаги на ДПМНЕ да распука како меур од сапуница“.