Во несреќата, како што пишува во полициското соопштение, со телесни повреди се здобиле возачот Т.М. (39) од Тетово и малолетната сопатничка, констатирани во Клиничката болница во Тетово
Автомобил марка „голф“ со скопски регистарски таблички вчера во 19:40 часот излета од локалниот пат за тетовското село Челопек и падна во реката Вардар, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Со телесни повреди се здобиле возачот Т.М. (39) од Тетово и малолетната сопатничка откако се прегледани во Клиничката болница во Тетово.
„На 03.04.2025 година во 19:40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат кон селото Челопек, кај мостот на реката Вардар, возило ‘голф‘ со скопски регистарски таблички, управувано од Т.М. (39) од Тетово, излетало во реката“,
се вели во соопштението од МВР.
Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа од СВР Тетово.