Во текот на изминатото деноноќие, 64 лица на територијата на цела држава не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 49 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Дваесет лица ја прекршиле мерката за задолжително носење заштитна маска, соопшти МВР.
Во последните 24 часа на територијата на државата на 107 лица им се издадени решенија за изолација, а 54 лица потпишале изјави за самоизолација.
При извршени контроли, полицијата не евидентирала лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
