Во изминатото деноноќие на ниво на целата држава 20 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.
Мерката за носење лична заштита на лице не ја почитувале 284 лица.
Во последните 24 часа, на 76 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација. При контроли кај лица во изолација и самоизолација, евидентирани се пет лица кои не ја почитувале мерката.
