Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности, велат од МВР

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре (25 јануари) ќе ги тестира камерите од проектот „Безбеден град“ во Тетово и Куманово.
Оттаму наведуваат дека тестирањето ќе трае од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае од 15 до 30 минути.
За време на спроведувањето на активностите на конкретната локација, сообраќајот привремено ќе биде прекинат.
„Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности“,
велат од МВР.
Инаку, Собранието вчера ги изгласа измените во Законот за за прекршоци, со што се отвора патот за официјален старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци од 1 февруари.
По гласањето, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека „Безбеден град“ не е систем за казнување, туку систем за спасување животи.
