Вчера во текот на попладневните часови од механичарска работилница било украдено возило „Лада нива“ во сопственост на институцијата Народен правобранител, информираа од МВР.
Оттаму додаваат дека механичарската работилница, од која било украдено возилото, се наоѓала на локалниот пат Тетово – Скопје.
„На 14.06.2022 во 17.00 часот во СВР Скопје, Б.Ш.(32) од с.Ласкарци, општина Сарај, пријавил дека во периодот од 12.06.2022 до 14.06.2022 од механичарска работилница на локален пат Тетово – Скопје било одземено патничко моторно возило „лада нива“ со скопски регистарски, сопственост на институцијата Народен правобранител“,
се вели во соопштението на МВР.
Оттаму додаваат и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и откривање на сторителот, но засега не се познати повеќе детали.
