Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава изречени се 618 прекршочни казни за неносење лична заштита на лице.
Во изминатите 24 часа, на 651 лице им се издадени решенија за изолација, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација. При контроли кај лица во изолација и самоизолација, утврдено е дека три лица што не ги почитувале мерките и ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок, а ќе им бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик.
