Освен возачот, во чиј автомобил биле мигрантите, уапсено е и друго лице од Прешево
Возило во кое имало 12 мигранти се преврти во близина на Градско бегајќи од полицијата која го следела.
Според информациите од МВР, настанот се случил утрово пред 6 часот, кога полицијата дала знак за запирање возило „мерцедес“ со српски национални ознаки, при што возачот не запрел, туку забрзал. На излезот од Градско возилото се превртило.
Возачот, 23-годишен српски државјанин од од Голем Дол, Прешево, е приведен, а освен него во возилото имало 12 мигранти. Две од лицата се пренесени во болница во Велес за укажување лекарска помош.
Исто така, уапсено е уште едно лице од Прешево, кое со „пасат“, со српски национални ознаки, било претходница. За настанот е известен Јавен обвинител, а против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.