Средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје утрово е евакуирано, откако е пријавено дека на паркингот има направа што наликува на рачна бомба.

Од МВР потврдија дека во 8:36 часот во ЕИК-Скопје е пријавено дека на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ на паркинг-простор има направа што наликува на рачна бомба оставена до автомобил.
Од МВР велат дека сè уште се утврдува дали станува збор за школска или вистинска бомба.