Од МВР велат дека на местото на сообраќајката е извршен увид од екипа од ОВР Гостивар

Во сообраќајната несреќа што вчера се случи на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Мавровска крстосница, учествувале девет возила – пет мотоцикли и четири автомобили, а повредени се шест лица. Министерството за внатрешни работи денеска излезе со детали за возраста на повредените лица.
Со тешки телесни повреди, како што велат од МВР, се здобиле четири лица од Скопје кои биле со мотоцикли „кавасаки“, „сузуки“ и „јамаха“. Едниот возач, П. Б. бил на возраст од 18 години, И. З. и Д. П. на 22 години и 23-годишниот М. Т.
Со телесни повреди се здобил 34-годишниот мотоциклист Ј. Д. од Скопје и 34-годишниот И. К., кој бил со возило „ауди“ со албански национални ознаки, управувано од И. К.(34) од с. Форино, Гостиварско.
Во сообраќајката учествувале и автомобил „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 49-годишниот М. М. Г. од Република Турција, возило „голф“ со струшки регистарски ознаки кој го возел Ш. Ј. (25) од Струга и уште еден „голф“ со скопски регистрации управуван од 41-годишниот скопјанец Б. С.
Повредените биле пренесени во општата болница во Гостивар и во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од МВР велат дека на местото на сообраќајката е извршен увид од екипа од ОВР Гостивар.