Само во Скопје се изречени 165 каазни за прекршување на прописите во сообраќајот
На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 165 мерки за прекршувања на сообраќајните прописи, меѓу кои за возење над дозволената брзина 38 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни возила, соопшти МВР.
Исто така, изречени се пет санкции за зборување на мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас и шест за возач почетник.
Секторот за внатрешни работи – Струмица, спровел засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол, при што се „казнети 15 возачи. Од МВР додаваат дека од нив шест биле затекнати во Струмица, пет во Гевгелија, а четворица во Радовиш.
На подрачјето на СВР-Тетово синоќа во акциска контрола откриени и санкционирани се 17 возачи под дејство на алкохол и на сите им се изречени соодветни санкции, соопшти МВР. Покрај ова, при контролата биле откриени и санкционирани и 20 други и сообраќајни прекршоци, 13 во Тетовоско и седум во Гостиварско.
Во Битолско, при контрола на 248 возачи, присуство на алкохол било констатирано кај 11 и тие веднаш биле исклучени од сообраќај поднесени им се соодветни поднесоци, соопшти МВР.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“
се нагласува во соопштението на Министерството