Министерството за внатрешни работи досега регистрирало 29 619 прекршоци за неносење лична заштита на лицето. Од нив 169 се констатирани во изминатото деноноќие.
Оттаму додаваат дека во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќие извршени се 43 контроли во објекти, при што не се евидентирани објекти што не ги почитувале одлуките на Владата.
На територијата на целата држава на вкупно 313 лице им се издадени решенија за изолација, а 5 лица потпишале изјави за самоизолација.
Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.