Во инцидентот се повредени двајца малолетници кои се скарале со друг малолетник поради местото за седење во автобусот. По вербалната расправија, едниот малолетник од село Моране извадил остар предмет сакајќи да го нападне малолетникот од село Студеничани. Не успеал во намерата и го повредил својот малолетен другар од село Студеничани, а се повредил и самиот
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека расправија поради место за седење е причина за синоќешниот инцидент во автобусот со број 51 на ЈСП во Кисела Вода. Во инцидентот се повредени двајца малолетници кои се скарале со друг малолетник поради местото за седење во автобусот.
По вербалната расправија, едниот малолетник од село Моране извадил остар предмет сакајќи да го нападне малолетникот од село Студеничани. Не успеал во намерата и го повредил својот малолетен другар од село Студеничани, а се повредил и самиот.
„По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, обезбедени се сите учесници во настанот. За случајот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок“,
велат од Министерството.
Оттаму додаваат дека двајцата малолетници со исеченици на рацете биле пренесени во Универзитетска клиника по хируршки болести „Наум Охридски“.
Инцидентот бил пријавен синоќа во 19:33 часот, а околу 20 часот повредените малолетници биле примени во Градската болница. Едно лице било препратено на скопските клиники, додека другото на домашно лекување.