Неофицијално, како што објавуваат дел од порталите, цел на пукањето повторно бил Раде Трајковски со прекар Штекли кон кого, исто така во „Ист гејт“, беше пукано пред два месеца
Попладнево во трговскиот центар „Ист гејт“ имало пукање, сведочат граѓани на социјалните мрежи.
„Ист гејт мол пукање… затвораат продавници, а муштериите лутаат. Ниту некој ги насочува ниту ги есапи“
стои во еден од коментарите на социјалната мрежа Фејсбук.
Од МВР ја потврдија информацијата за инцидентот.
„Денеска (24.10) од трговскиот центар ‘Ист гејт’ во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
соопштија првично од полицијата.
Неофицијално, како што објавуваат дел од порталите, цел на пукањето повторно бил Раде Трајковски со прекар Штекли кон кого, исто така во „Ист гејт“, беше пукано пред два месеца.