„Како дел од истрагата, денеска (11.06.2025), со наредби од Основен суд Велес, беа извршени претреси на повеќе локации во Велес и велешко. Претреси беа извршени во куќата на А.В.(53) во Велес, во куќата, станот и викенд куќата на лицето С.С.(47) во Велес и Чашка, во куќа и плац на А.Ц.(29) во Велес и во станот на В.Л.(41) во Велес“, се наведува во соопштението од МВР
Одделот за криминалистичка полиција заедно со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, а во координација со јавен обвинител, на подрачјето на Велес денеска спровеле заедничка истрага против лица за кои постојат информации дека се инволвирани во случајот на купопродажба на еден килограм кокаин, кој беше запленет на 29 ноември 2024 и за кој СВР Велес поднесе кривична пријава против три лица.

„Како дел од истрагата, денеска (11.06.2025), со наредби од Основен суд Велес, беа извршени претреси на повеќе локации во Велес и велешко. Претреси беа извршени во куќата на А.В.(53) во Велес, во куќата, станот и викенд куќата на лицето С.С.(47) во Велес и Чашка, во куќа и плац на А.Ц.(29) во Велес и во станот на В.Л.(41) во Велес“,
се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи (МВР).
За време на претресите, како што информираат оттаму, биле пронајдени и одземени кокаин, околу 37 000 евра, дигитална вага со остатоци од кокаин, мобилни телефони и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Во текот на денот, како што додаваат од МВР, Секторот за внатрешни работи Велес ќе поднесе кривична пријава против уште едно лице по член 215 од Кривичниот законик (КЗ).