Граѓаните чии пасоши и возачки дозволи се со истечен рок во време на вонредната состојба нема да вадат нови бидејќи нивниот рок е продолжен до 31 јули 2020 година.
Ова денеска го соопшти МВР повикувајќи се на владините уредби со законска сила за патните исправи и за возачките дозволи донесени на седницата на Влада одржана на 12 мај.
Од МВР потенцираат дека овие граѓани нема потреба да вадат нови патни исправи и возачки дозволи до овој датум, но доколку сепак сакаат да извадат нови документи, службите на МВР се на располагање секој работен ден.
